Александра Пријовиќ живеела во голема сиромаштија

Српската пејачка Александра Пријовиќ, која наскоро треба да се омажи со Филип Живоиновиќ, пред да се појави на сцената била сиромашна, пренесуваат српските медиуми. Денес таа е една од најпознатите српски пејачки, а наскоро ќе стане дел од семејството на Боба Живоиновиќ и Лепа Брена.

Српскиот таблоид „Блиц“ пишуваше за деталите од приватниот живот на пејачката пред да стане позната и да почне друг живот.

Според „Блиц“, Александра растела во голема сиромаштија, за што потврдил и нејзиниот дедо.

Тој открива дека Александра останала сама со мајка си кога татко ѝ ги напуштил уште додека била бебе, па не успеала да заврши ниту средно училиште.

Мајка ѝ пеела по кафеани, додека дедо ѝ бил во затвор поради убиство.

Денес Александра го издржува својот татко, а ги плаќа и долговите на својот дедо. Пејачката има успешна кариера, а наскоро ќе стане сопруга и мајка.

Scroll to Top