Огнен Амиџиќ вечерва и официјално почнува со новата 10. сезона, а за почетокот како што прилега – избрал врвни гости!
Така, во емисијата ќе се најдат Драган Марковиќ – Палма, Александра Пријовиќ, Владимир Стојковиќ и Зоран Тошиќ – Бамби, а еден од најинтересните делови е оној во кој Палма и Амиџиќ одлучија да ја почестат Александра.
Имено, кога излезе на малата бина во студиото и ја изведе песната „Тело“ и се врати на своето место, Амиџиќ извади 3.000 динари и додаде: „Ова беше одлично, 3.000 динари за госпоѓата!“, а реакцијата на Александра беше вистински хит!
Целата ситуација можете да ја видите подолу:
Да се потсетиме, „Амиџи шоу“ и јубилејната 10. сезона почнува вечерва од 22.15 часот.