Амиџиќ ќе го исполни ветувањето дадено на Маринко Маџгаљ

Српскиот водител и шоумен Огнен Амиџиќ најави дека набргу ќе организира концерт „Фламингоси и пријателите“, а целиот приход ќе ѝ го даде на Сара, ќерката на пријателот Маринко Маџгаљ, кој почина во 2016 година. Огнен рекол дека со ова ќе го исполни ветувањето дадено на Маринко дека ќе се грижи за неговата ќерка.

Тој засега не го открива датумот на одржување на концертот, но вели дека ќе биде во „Сава центар“.

„За неколку дена ќе го знам точниот датум на одржување на концертот. Тоа не зависи само од мене, туку и од гостите, мора сите да се слободни. Мислам дека ќе се собереме пред летото. Сценариото е подготвено. ’Фламингоси’ ќе пеа повторно. Андрија Милошевиќ ќе ги пее деловите на Маринко, а ќе ни се придружат и многу актери кои на некој начин беа дел од ‘Фламингоси’. Таа вечер сите ќе се сетиме на Маки со насмевка. Тој го заслужи ова и ќе дадам сè од себе да биде како што би сакал тој“, рекол Огнен за медиумите.

„Би сакал ова да биде концерт што ќе се случува секоја година“, додал Огнен.

 

Scroll to Top