Ана Бебиќ тешко ја поднесува бременоста

Хрватската пејачка Ана Бебиќ, која се прослави со шоуто Операција триумф и снимаше спот со Северина иако ужива во бракот има потешкотии во бременоста.

Ана е во брак во ИТ експертот Иван и живее во Белград, каде ја гради својата музичка кариера. Во меѓувреме бременоста ја доживува мноу емотивно.

„Навистина е друга состојба. Некогаш ми е жал што воопшто не бев психички подготвена на тоа. Луѓето велат дека блажената состојба е нешто во што ќе уживате, а тогаш сфаќаш дека не можеш да одиш, се те боли, не можеш да јадеш. Никој всушност до крај не ве подготвува за тоа. Потребно е да се подготвите и психички и физички за првите три месеци со мачнини, но сега е супер„, вели Ана за српските медиуми.

Таа додава дека е многу емотивна, па и , дека често плаче во текот на бременоста.

Scroll to Top