Ана Брнабиќ: Дискриминирана сум, не можам да бидам во брак и да посвојам дете

By

Српската премиерка Ана Брнабиќ рече дека се чувствува дискриминирана од двете заедници, откако ЛГБТ-активистите ја дочекаа со свирежи на конференција во белградскиот Дом на млади по повод „Европрајд 2022“. Таа рече дека ги нема сите права, дека не е во брак и не може да посвои дете.

dobivaj vesti na viber

„Веројатно сум единствената личност која е дискриминирана од двете заедници и првиот политичар во оваа земја и регионот кој не се исплаши и не се срамев што сум ЛГБТ. Ова е мојата борба“, рече таа.

Одржувањето на манифестацијата „Европрајд 2022“ беше отворена во Белград, но неизвесно е дали в сабота ќе се одржи парадата на гордоста.

Токму поради ова присутните активисти на прес-конференцијата ја поканија премиерката в сабота, на 17 септември, да излезе со нив на прошетка, на што премиерката  одговорила на англиски „Никој не може да ве спречи“.

Брнабиќ додаде дека без нејзината поддршка и потпишување на писмото со препорака, Европрајд оваа година немаше да се одржува во Белград и да биде прва ваква манифестација во Југоисточна Европа. Организаторите на Европрајд соопштија дека со одлуката на МВР што ја добиле забранета е трасата на прошетката планирана за сабота, 17 септември, но не и самата прошетка и дека ќе предложат нова рута.

Ќе ви се допадне