Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ на својот брат Милош Ивановиќ како свадбен подарок му купи куќа во Мајорка. Милош се ожени со Драгана Џајиќ, ќерка на познатиот поранешен српски фудбалер Драган Џајиќ.
Светските медиуми пишуваат дека куќата во Мајорка ја чинела тенисерката два милиони евра.
„Ана за свадбата на нејзиниот брат и снаата купи куќа која се наоѓа во близина на нејзината вила во Мајорка. Куќата се наоѓа во населбата Сон Вила. Има два ката, четири спални соби, три бањи, дневен престој и играчница за деца. Куќата чини два милиони евра“, изјавил извор близок до Ана Ивановиќ кој присуствувал на свадбата.
Пријателот на тенисерката открива дека младенците заработиле голема сума пари од луксузната венчавка. На забавата присуствувале повеќе од 250 гости.
„Милош и Драгана добија за подарок неколку уметнички слики, а останатите гости им даваа плико со пари. И јас однесов коверт. Мислам дека никој не остави помалку од 1.000 евра“, вели изворот.
Ана, која за време на својата тениска кариера заработила 98 милиони евра, изјавила дека сака нејзините деца и децата на нејзиниот брат да пораснат заедно. Српската тенисерка пред неколку дена објави дека со својот сопруг Бастијан Швајнштајгер го чекаат своето второ дете.