Раперот Стефан Ѓуриќ – Раста, откако излезе од притвор каде што беше четири месеци поради поседување наркотици, даде интервју за српските медиуми и раскажа за времето поминато во затворот во Белград. Тој раскажа дека неговата поранешна жена, пејачката Ана Николиќ, дошла да го посети еден месец пред да го пуштат, облечена во црнина, со вел на главата.
„Ана дојде за да слушне од мене што се случува и како ќе се одвива понатаму целата ситуација. Се појави облечена во црно, како да оди на погреб. Ме полазаа морници кога ја видов“, раскажал Раста.
Тој рекол и дека најчесто во затворот го посетувала неговата мајка.
„Таа е личност која верува и има доверба во мене и ги знае сите ситници за мене“, рекол Раста.
Откако пред Нова година се спогоди со српското обвинителство да ја признае вината, Раста беше пуштен од притвор, а на неодамнешното судење, според договорот, му беше одредена казна од една година, која ќе ја служи во домашен притвор.