Српската пејачка Ана Николиќ и нејзиниот сопруг раперот Раста, повторно се смирија. Медиумите пренесуваат дека по разделбата која резултирала и со поднесување на документи за развод, балканската двојка повторно е заедно.
Деновиве медиумите пишуваа дека Николиќ поднела тужба против Раста и барала старателство над нивната ќерка Тара. Потоа ситуацијата кулминирала со исфрлање на работите на Раста од нивниот заеднички дом.
Многумина нивни фанови и блиски пријатели јавно говореа дека овој бурен прекин ќе биде конечно решние, но двојката повторно изненади.
Ана на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија со три пара на облека, женска, машка и детска. Многумина во коментарите сега говорат дека со ваквиот потег, Ана сака да испрати порака дека музичката балканска двојка продолжуваат да бидат среќно семејство и да уживаат во љубовта со ќеркичката Тара.