Ана и Раста ќе ѝ подарат 20.000 евра на ќерката за роденден

Српската музичка двојка Ана Николиќ и Стефан Раста, на својата ќерка Тара ќе ѝ подарат 20.000 евра за 1. роденден. Тара е родена на 3 август, но родителите веќе се пофалиле на своите пријатели што подготвуваат, пишува „Ало“. Тие додаваат дека се подготвува и голема роденденска забава, на која се поканети многу нивни роднини, но и пријатели музичари, па некој од нив можеби и ќе запее на забавата, пишува порталот.

Според нив, Ана и Раста на сметка на Тара во банка, освен овие 20.000 евра, ќе ѝ ги уплатат и парите што ќе ги добие од другите гости.

Scroll to Top