Ана Севиќ откри во каков однос е со Аца Лукас

Кога е во прашање српската естрада, апсолутно ништо не може да ја зачуди публиката, а ретко која од ѕвездите може со нешто и да изненади.

Во врска со ова, иако веројатно многу мажи во светот веднаш би го прекинале контактот со човекот за кого се зборува дека е љубовник на жена му, во овој случај на српската естрада тоа и не е баш така.

Доказ за тоа се Дарко Лазиќ и Аца Лукас, кој пред камерите потврдија дека супер се согласуваат и дека се дружат, а сега и Ана Севиќ ја изнесе својата страна од приказната.

Како што таа вели, на неа ѝ е чудно прашањето во какви односи е со Лукас и зошто тие двајца не биле во добри односи?

„Аца е мој драг колега, зошто не би биле во добри односи? Просто сите на естрадата функционираме убаво, без оглед на тоа што луѓето пишуваат за нас. Кога би верувале во такви работи, никој со никого не би разговарал. Дарко и Лукас секогаш биле во добри односи, како што се и сега“, вели Ана.

Scroll to Top