Анастасија битката со ракот ја водеше двапати, и двапати победи откако конечно ги отстрани двете дојки. Пејачката мина низ тешко закрепнување, но сега сето тоа сега е зад неа и, како што вели, подготвена е за нов почеток.
Во ноември минатата година Анастасија храбро позираше топлес за магазинот „Фолт“, а тоа го објасни со зборовите:
„Моите лузни се дел од моето патување и потсетник на сето тоа низ кое минав со мастектомијата“.
Анастасија неодамна објави и видеозапис за нејзиниот прв сингл „Caugh in The Middle“, со кој го најави новиот албум.