Анастасија раскина со дечкото по пет години врска

Српската пејачка Анастасија Ражнатовиќ по пет години раскина со дечкото Ѓорѓе Куљиќ. Веста за српските медиуми ја потврди нејзината ПР-служба преку соопштение.

„Тие раскинаа пријателски, без караници. Причината не е трета личност. Анастасија и Ѓорѓе ќе останат пријатели“, стои во соопштението.

Ќерката на Цеца и бизнисменот од Нови Сад раскинале веднаш по Денот на вљубените. Според нивни блиски пријатели, тие последните месеци поминувале малку време заедно, а причина за раскинувањето е одвоеноста, но и други разлики кои не можеле да ги надминат.

Според српски „Блиц“, Анастасија веќе се отселила од заедничкиот стан.

Scroll to Top