Анастасија Ражнатовиќ горда на својот брат Вељко

Српската пејачка Анастасија Ражнатовиќ му ја честиташе победата на нејзиниот брат Вељко кој победи во рингот во неговиот дебитански боксерски меч во Суперлигата на Србија во дресот на „БК Лозница“.

Вељко во мечот го доби дуелот со Никола Кнежевиќ од „БК Војводина“, а Анастасија радосната вест ја сподели на социјалните мрежи каде напиша дека е горда на него.

Пејачката во моментов се наоѓа во Дубаи каде прави пауза од музичките активности.

 

Scroll to Top