Анастасија Ражнатовиќ снима албум во Скопје

Ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ, во студиото на Дарко Димитров го снима својот прв албум. Таа деновиве е во Скопје и со Дарко работи на песните. На албумот ќе се најдат и нејзините два хита „Ране“ и „Савршени пар“, кои исто така ги сними со Дарко. Албумот, пак, треба да излезе на почетокот на 2020 година.

Анастасија, иако има две популарни песни, нема настапи. Нејзината мајка неодамна изјави дека ќерка ѝ не настапува во живо и не закажува концерти бидејќи е подобро да сними свои песни и да настапува со нив, наместо да пее само две свои песни и хитовите на мајка си.

Scroll to Top