Андреа Петковиќ: Србија изгледаше како бизарен секс култ

Германската тенисерка со српско потекло Андреа Петковиќ, изнела необично мислење за песната која ја претстави Србија на Евровизија.

Сања Илиќ и Балканика во Португалија ја изведоа песната Нови деца, кои влегоа во финалето, а перформансите на групата предизвикаа поделени мислења.

„О господе, Србија изгледа како бизарен секс култ, но ми се допадна песната“,  напишала тенисерката на Твитер.

Инаку, Андреа е родена во Тузла во 1987 година, а нејзините родители Зоран и Амира се преселиле во Германија кога таа имала само шест месеци.

Зоран е поранешен југословенски тенисер и член на Дејвис Куп тимот, па затоа таа тргнала по неговите стапки. Во една прилика таа го прокоментирала своето потекло.

„Очигледно сум Германка, но во душата и понатаму сум Србинка. Германците генреално се студени, резервирани, јас сум емоетивна имам оган во температурата и затоа се чувствувам поблиску до Србија. Но, тука сум дел од системот и се чувствувам врзано за Германија.

Scroll to Top