Андрија Милошевиќ стана татко, свршеницата Александра роди син

Глумецот Андрија Милошевиќ и неговата свршеница, актерката Александра Томиќ, добија син кој ќе се вика Реља. Глумицата се породила со царски рез и се чувствува добро, пишуваат српските медиуми. Бебето се родило со 3 килограми и 300 грама.

Андрија и Александра долго ја криеја бременоста од јавноста. Во едно од нејзините последни интервјуа Александра откри дека чекаат машко дете и дека името на бебето го одбрал најдобриот пријател на глумицата.

Името Реља последниве години е меѓу најпопуларните машки имиња во Србија, а припаѓа на традиционалните и старословенските имиња. Познато е уште од античко време и значи „некој кој е вредан како злато“ или „некој кој е полн со енергија“.

 

Scroll to Top