Антиваксерот Тони Цетински ја кани публиката на концерт без ковид-пропусници

Хрватскиот поп-пејач Тони Цетински летово ќе настапува на неколку места во регионот, но се налути кога дозна дека присуството на неговите настапи е условено од ковид-пропусници, односно да присуствуваат само вакцинираните лица. Цетински, по консултацијата со својата публика преку социјалните мрежи дали да го откаже концертот, реши, сепак, да пее пред публика и рече дека сите се добредојдени, без разлика дали имаат примено вакцина или не.

„Никој од нас не е во оваа работа од вчера, така што нема да дозволиме музиката да се задуши преку ноќ и да нè врати назад во нашите домови и да работиме онлајн. Сите се добредојдени на нашите концерти, без поделба на овие и оние, и додека е тоа така, ќе нè има и нас. Музиката е тука за да ги натера луѓето да се дружат и да им биде полесно на сите, но повторувам, без предрасуди и поделби. Ќе истраеме за слобода на избор и ќе се бориме до крај. Ако си дозволиме да се поделиме на вакцинирани и невакцинирани, тогаш не ќе се задуши само музиката, туку и нашите животи, чиј темел е слободата. Ве сакаме и се гледаме на концертите, каде што луѓето се почитуваат и каде што нема поделби“, напиша тој во својата објава на „Фејсбук“.

Пејачот важи за еден од најгласните антиваксери, кој не ги поддржува епидемолошките мерки уште од самиот почеток. Поради неговите ставови во врска со вакцинирањето, чипирањето и епидемијата на короната, приватното хрватското радио Радио Драва од Копривница ги забрани неговите песни.

На прашањето од фановите дали е вакциниран, тој одговори дека ниту еден од неговиот бенд не е вакциниран и дека тие редовно се тестираат.

Концерт на Цетиснки е највен и во Македонија во текот на август.

Хрватско радио ги забрани песните на Тони Цетински

Scroll to Top