Хрватско радио ги забрани песните на Тони Цетински

Приватната радиостаница од Копривница, Радио Драва, на својата веб-страница објави дека веќе нема да ги пушта песните на Тони Цетински заради неговите ставови поврзани со вакцинирањете, чипирањето и епидемијата со короната.

„Пејачот Тони Цетински, деновиве, во отсуство на студиски и концертни активности, ја пренасочи својата енергија на социјалните мрежи каде го промовира движењето против вакцинирање, едно од докажаните најопасни движења на теоретичарите на заговор и со тоа бара приврзаници на неговите ставови. Тој не е исклучок, но исклучоците можат да бидат многу гласни, многу погрешни и многу опасни за ова општество. Ставовите за кои се залагаат честопати се поплочени со дезинформации и лишени од основни знаења од основно училиште, и тие наоѓаат основа во различни нејасни портали кои намерно објавуваат информации против таканареченото мејнстрим размислување и со тоа профитираат. Целосно сфаќајќи дека е демократско право на секоја индивидуа да го искаже своето мислење што го има, како и демократското право на секоја друга личност да се согласи или да не се согласува, сметаме дека е опасно кога се разговара за сложени здравствени проблеми и добро познати јавни личности го заземаат ставот, крајно некомпетентни за темата за која коментираат, зашто на тој начин тие влијаат врз мислењето и постапките на нивните симпатизери. Затоа ние веќе нема да ја поддржуваме неговата музика“, стои во соопштението на радиото на кое е потпишан музичкиот уредник Бојан Хорват.

На ова реагираше Цетински. Вели, тоа што решиле да не ја пуштаат неговата миузика е уште еден доказ дека не живееме во време на демократија.

„Излегува дека не смееш ни да се залагаш за тоа луѓето сами да решаваат што ќе прават со своето тело. Јас реков дека секој има право на избор, но дека сум против присилно вакцинирање“, напиша меѓу другото, хрватскиот пејач.

Scroll to Top