Хрватската пејачка Антонија Шола неодамна член на партијата Снага и влезе во политиката. Медиумите во Хрватска и во регионот веднаш ја опишаа како „најсекси политичарка на сите времиња во Хрватска“, а на социјалните мрежи коментираат дека „претседателката Колинда добила силна конкуренција“.
Шола, која освен со музика се занимава и со глума, во својата кариера напишала многу песни за познати пејачи, меѓу кои Здравко Чолиќ, Оливер Драгојевиќ, Нина Бадриќ и групата „Црвена јабука“. Македонската публика, пак, најмногу ја знае по дуетот со Тоше Проески за песната „Волим осмех твој“.