Аркан ја истрижал Цеца оти се дрогирала

Српските медиуми неодамна напишаа дека причината заради која Жељко Ражнатовиќ – Аркан ја истрижа Цеца пред дваесетина години не била љубовна врска со друг маж, туку дрога. Според извори на босанскиот таблоид „Депо“, Аркан наводно ја фатил Цеца додека се дрогира заедно со друга пејачка, а со која се дружела во тоа време.

„Не е точно дека ја фати со друг маж. Цеца немаше афера, туку се дрогираше, па Аркан во бес реши да ја истрижи и да ја казни да не може да излезе од дома“, рекол наводен очевидец за таблоидот.

Аркан и Цеца се венчаа според старите српски обичаи во 1995 година. Уште во деведесеттите години се пишуваше дека Аркан ја тепа и ја малтретира пејачката, но таа секогаш ги негираше обвинувањата. Во брак беа пет години, до убиството на Аркан во 2000 година. Во бракот добија две деца, синот Вељко и ќерката Анастасија.

 

Scroll to Top