Аца Лукас до Жељко – „На твое место би барал дрво за да се обесам“

„Наместо да се занимаваш со својата музика, ти се занимаваш со мојата жена. Ало, ретарду, ти и јас немаме никакви сличности, и немој да не ставаш во ист кош“, напиша Лукас на својата Фејсбук страница.Откако Жељко Шашиќ, го прозва Аца Лукас по неговиот развод со Соња Вуксановиќ, многу брзо се огласи и самиот Лукас. Тој во отворено писмо на неговиот Фејсбук, распали по пејачот.

Отвореното писмо на Аца Лукас во ги пренесуваме во целост:

„Коментатори ме боли онаа работа, за тоа што мислите вие, но барем мислите како што мислите!!! Ајде за Шашиќ и фактите:

Луѓе повторно морам да губав време и да работам нешто од што ми се гади. Всушност не ми се гади да пишувам, затоа што тоа го сакам, а умеам и тоа многу добро. Но, ми се гади кога морам по стотти пат да објаснувам на глупиот дел од народот, нешто што е така јасно и лесно проверливо. А тоа се е како последица на повремените испади на мојот биограф Жељко Шашиќ, поранешниот пејач и човек, кој ништо друго не работи, за воља на вистината само кога ќе го повикаат, си дава себе си право да коментира и да го анализира мојот живот. Пред се, Шашиќ, да може да даваш било каква анализа, мора да имаш iQ барем третина во однос на мојата. А ти имаш третина, но третина од целокупната мозочна маса, а две третини ти се мазни како стакло“, напиша Аца Лукас и додаде:

Foto: Telegraf

„Дали би бил љубезен да ми се откачиш од онаа работа и престанеш да глумиш клетник, затоа што нема потреба за глума. Ти си клетник. Те држат на дното на бунарот во кофа, и кога и да се случи нешто меѓу мене и Соња, тие на крик те извлекуваат до глава, ти тропаш глупост и остануваш жив, и тие повторно ќе те вратат доле. Кога веќе толку се занимаваш со мене, што не побара да те извадат од бунарот, кога имав спектакуларен концерт од Бг, Зг, Ск, и така натапу, па да тогаш нешто кажеш. Тоа се оние манифестации каде доаѓаат повеќе од 120 луѓе, на кои ти се навикна во својата блескава кариера. Ало ретарду, објасни им на луѓето, а немој да молчиш како миндза, кога ме обвинуваат, да ти ја превземав жената, и дека ти бев кум. Тоа ти одговара индијанеци, за да бидеш уште поголем клетник. Кажи дека не ти бев на свадба, а кум, единствено еко тоа си го сонувал. Кажи дека жена ти те остави четири години, пред да излезе со мене. Знаеш да сереш и да се радуваш, кога некој ќе има несреќа, и тоа ти е целата сатисфакција во животот“, наведува Лукас и продолжува:

Foto: Telegraf

„На твое место, ако ти е тоа цело задоволство, јас одмана би меркал некое дрво за да се обесам. Наместо да се занимавам со својата музика, ти се занимаваш со мојата жена. Ало ретарду, ти и јас немаме никакви сличности, и немој да не ставаш во исти кош. Иди бре, и глуми Хју Хефнер и остави не повеќе на мира. Наместо да се занимаваш со својата ќерка, ти ја остави оној момент, кога свати дека со нејзината мајка не можеш да имаш ни заеднички доктор. Значи детето не те интересира. А сереш по весниците дека некој не ти дозволува да го гледаш. Јас имам три, вон овој брак, кој мене ќе ми забрани да ги гледам, ако сакам. Но ти не сакаш“, наведе Аца Лукас и додаде:

Printskrin: Youtube/Zvezde Granda

„Ти наместо да имаш сјајна кариера, имаш болка и чир на мозокот настанат од злоба и завист. Аде демантирај ме за фактите кои ги изнесов, баш би сакал. И не се обидувај сега да ми се приближиш, мислејќи дека мојот развод со Соња и твојот имаат сличности. Мене не можеш да ми кажеш затоа што не се дружам со лигавци. Иди во својата кофа и почни пак да коментираш, само не знам кога сега ќе почнеш. Соња е жена Бог. Таа и јас не се согласувавме, а ти не ја разбра, затоа што си глуп како ногарка од маса. Пробај да ми се симнеш од онаа работа. Кога ќе можеш. Закачи се за некој рамен на себе. Таков побарај во школо за деца со специјални потреби. Можеби тоа ќе ти помогне да ја сватиш безначајноста на твоето одење по земјата!

Printskrin: Telegraf

П.С. Пријатели бевме такви што не се гледавме, освен кога ќе навратеше со моите пријатели. Да ме повикаше на свадба, знаеш дека не би дошол, а за кумството глупаво е да се и зборува. А јас тебе на мојата не те повикав, затоа што веќе имав кого да го китат сватовите со рузарин!“, заклучи Аца Лукас.

Scroll to Top