Аца Лукас во врска со 20 години помлада девојка

Фолк-пејачот Аца Лукас (52) има нова девојка, 20 години помлада од него, пишуваат српските медиуми. Според нив, девојката работи како агент за недвижности во Њујорк, но последнава година живее во Србија. Таа неодамна славела роденден во Белград, а Лукас со пријатели дошол на забавата, каде што и се запознале.

„Аца не сака да објавува фотографии со новата девојка. Иако се заедно само некое време, пејачот вели дека одлично се сложуваат. Тие се нонстоп заедно и не се разделуваат“, рекол извор за српски „Телеграф“.

Лукас неодамна го објави новиот албум, на кој наводно има песна посветена и на неговата поранешна сопруга, Соња Вуксановиќ.

Scroll to Top