Аца Лукас за една недела доби две казни од полицијата

Пејачот Аца Лукас во една недела бил двапати сопрен и казнет од полицијата. Фолк пејачот пред неколку дена беше казнет затоа што возел пијан, а два дена подоцна полицијата го казнила за брзо возење.

Полицијата го сопрела Лукас околу 23.45 часот во Белград, бидејќи тој возел со брзина од 113 километри на час, на место каде е дозволено да се вози до 80 километри на час.

„Полицијата направила записник за прекршокот, но немало други прекршоци“, вели изворот од истрагата.

Претходно на Лукас му беше одземена и возачката, откако полицијата утври дека возел пијан, но казната од шест месеци без дозвола ќе почне да важи откако ќе му стигне решението. Тој беше казнет и со парична казна за овој прекршок.

 

Scroll to Top