Баба (82) се јавила да закаже преглед кај Босиљчиќ: Го видела актерот на билборд, па се јавила на клиника

Иван Босиљчиќ глумеше доктор во серијата „Ургентен центар“, а актерот се појави и на билбордот на една клиника каде што беше во униформа.

На социјалната мрежа „Х“ еден корисник објави хит коментар во кој вели дека една баба навистина верувала дека Иван Босиљчиќ е лекар, па се јавила на клиниката да закаже преглед со него.

„Босиљчиќ го видела на билборд. Не се чувствувам добро колку што се смеам“, напишал еден корисник на споменатата социјална мрежа.

Како што понатаму напишал, дотичната баба го видела актерот и во серијата во која играше улога на доктор.

„Вели дека е и доктор и актер, го видела во некоја серија“, се наведува понатаму.

Scroll to Top