Бајага и глумецот Бранко Ѓуриќ ѝ посветија песна на Милена Радуловиќ

Пејачот Момчило Бајагиќ Бајага и глумецот Бранко Ѓуриќ и посветија песна на младата глумица Милена Радуловиќ, која деновиве излезе во јавност и храбро проговори за траумите кои ги доживеала додека работела со нејзиниот професор по глума Мирослав Мика Алексиќ.

Многу колеги и познати лица и дадоа поддршка на Милена, а меѓу нив беа и Бајага и Ѓуриќ кои и ја посветија песната „Не си сама“, песна за која велат дека им ја посветуваат на сите жени и девојки кои доживеале слична судбина како Милена.

Текстот го напиша Бајага, додека Ѓуро ја отпеа со неговиот бенд „Бомбај Штампа“.

За потсетување изминатата недела се случи скандал кој ја потерсе цела Србија. Повеќе од триесетина девојки до неговата школа, го обвинија професорт дека ги силувал. Откако беше пријавен полицијата веднаш го уапси.

Scroll to Top