Бајага ја откри тајната која се крие зад Русинката во баладата Тамара

Момчило Бајагиќ Бајага во интервју за српските медиуми, проговорил за тајните во своите песни, музиката, инспирацијата, но открива и некои работи за себе кои се малку познати.

Бајага се врати и неколку децении наназад, во време кога ја создаде една од најубавите балади и објасни за Русинката од песната „Тамара“.

„Во оригиналната верзија на „Тарама“, на „Позитивна географија“, има една госпоѓа која зборува на руски. Поради тоа што немавме некој кој добро зборува руски, еден мој пријател, доктор Спир, кој веќе со години живее во Лондон, откри дека секој ден, извештајот за водостојот се чита на руски. Вие слушате руски, а таа го чита извештајот за нивото на водата во Србија. Не е ни важно, ние го сакавме тој мирис и го добивме“, изјавил пејачот за најголемата тајна на неговиот хит.

Музичарот проговори за старите добри времиња и периодот кој го минал со својата група.

Тоа е некој нормален период кој мора да мине, некогаш се четири, некогаш се пет, овој пат беа шест години, но ние сме група за три години ги обиколивме сите краишта во светот. Додека малку се направат песните, додека малку се снимат, поминаа шест години. Работиме кога имаме собрано доволно нов материјал. Задоволен сум затоа што мислам дека има добри критики и убави коментари за новиот албум, па ете, можам да бидам задоволен“, вели Бајага.

Во албумот се има издвоено една песна, по која и самиот албум го носи името „Во салата лом“. За оваа песна снимен е и спот во документарна варијанта, затоа што настанал кога песната премиерно е изведена на Кустендорф.

„Таму има една феноменална сала, а мене, всушнсот ми е драго што свиревме на Кустенорф. Еден опасен настан и значаен фестивал. Благодарение на луѓето од организацијата и професорот Кустурица, за прв пат свиревме на Кустендорф. Тие ја имаат таа мала, но добра сала полна со камери. Тие снимаа и ни дадоа материјал, а потоа Вук Поповиќ малку тоа го одработи и го режираше“, вели Бајага.

„Вториот спот сакавме да биде за песната „Би било лесно“, а за третата песна „Може да те убие гром“. Ова дури е и малку побрз албум, а на овие од десет песни, две се балади, две, три со средно темпо, додека останатите се брзи“, вели Бајага.

 

Scroll to Top