Бајага прими вакцина против коронавирусот: „Се чувствувам лошо“

Српскиот пејач Момчило Бајагиќ – Бајага не се чувствува добро по примањето на вакцина против Ковид-19, пренесуваат српските медиуми. Тој не дал детали за својата моментна здравствена состојба.

„Се чувствувам лошо, ја примив вакцината и имам реакција“, рекол Бајага.

Претходно, Павле Зелиќ, кој е дел од Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија, изјавил дека реакциите на сите вакцини против коронавирусот се нормални и очекувани и се појавуваат исто како и по секоја друга примена вакцина. Тој нагласил дека ниедна од вакцините досега не покажала големи несакани реакции и дека во Србија никој не е примен во болница како резултат на влошено здравје по примената вакцина.

 

Scroll to Top