Вчера почина познатиот музичар, тапанарот Драгољуб Ѓуричиќ, кој свиреше во некои од најголемите ексју-бендови. Тој беше дел и од протестните маршеви против режимот на Слободан Милошевиќ. Почина како последица на коронавирусот по битка од еден месец.
„Состојбата на Драгољуб се подобри пред пет дена и тој беше симнат од респиратор за дишење, но, за жал, вчера неговото срце престана да чука. Многу ми е жал. Драгољуб беше добар човек, одличен тапанар и наш голем пријател. Вчера разговарав со Жика Јелиќ од ‘ЈУ група’, кој ми рече дека нашиот колега е многу подобар и дека е симнат од респиратор. Но, тоа беше кратко, неговото срце не можеше да издржи“, со насолзени очи изјави за медиумите Момчило Бајагиќ – Бајага простувајќи се од својот добар пријател и колега.