Бајага се спаси од линч – Избегнат масакр во Хрватска

Српскиот пејач Момчило Бајагиќ Бајага, за малку ќе настрадаше на концерт во Хрватска.

Со навремено делување на полицијата, спречен е поголем хаос, а никој од публиката не е повреден.

Бројни фанови на манифестацијата „Сан Супстипанске ноќи“, негодуваа за тоа што српскиот рокер бил повикан на овој фестивал, па одлучија своето незадоволство да го покажат така што ќе ја нападнат публиката.

Група од 200 луѓе сакала да употреби ракети, солзавец и топовски удар за да им се одмаздат на организаторите.

Концертот сепак е одржан, зошто полицијата ги спречила во намерата и така разбеснетата маса се откажала од својата идеја.

Scroll to Top