Бајага среде прес се искара со новинарите, оти го прашаа за разводот

Пејачот Момчило Бајагиќ Бајага ги искара новинарите зошто го прашуваат за приватниот живот. Тој вчеравечер за првпат се појави во јавноста откако излезе информацијата дека се разведува од сопругата Емилија.

Бајага пред настапот им се обратил на новинарите, а конкретно зборувал само за кариерата, песните, публиката. Но прашањата за приватниот живот не му се допаднале.

Новинарите го прашале музичарот како се чувствува како слободен човек, на што тој реагирал бурно.

„Не ми е гајле што ти е гајле за тоа како се чувствувам како слободен човек. Нема да кажам“, изјавил Бајага.

Бајага и инструктори вчеравечер настапија на Пиво фест во Белград.

Пред две години по повод концертот во Македонија, Бајага беше гостин во „Репортер“ при што зборуваше за приватниот живот и за тоа како се запознал со неговата сопруга Емилија.

Scroll to Top