Балашевиќ обвинет за кражба на авторски права

Ѓорѓе Балашевиќ е обвинет за кражба на авторски права, а неговиот спот за песната „Човек с месецом у очима“ од 1993 година е отстранет од ЈуТјуб. Балашевиќ го пријавил извесен Емил Скендеровиќ, кој тврди дека авторските права за песната се негови.

Во одбрана на панонскиот морнар, како што го нарекуваат Балашевиќ, застана неговата ќерка Јелена.

„Ако посакавте да ја слушнете песната ‘Човек с месецом у очима’ на каналот ЈуТјуб, за жал, нема да можете, привремено е отстранета поради извесен Емил Скендеровиќ, кој смета дека има право на неа. Се сеќавам кога тато ја напиша оваа песна. Се сеќавам и каде, но никако не се сеќавам на каков било Емил Скендеровиќ во близина. Речиси сум сигурна дека тој лик нема апсолутно никаква врска со таа песна. Ниту со која било друга, кога сме веќе кај тоа. Мрзливоста е игралиште на ѓаволот. Верувам дека Емил посакува ова да беше негова песна, која Ѓоле му ја ‘дрпнал’, па затоа го нарави ова. Во спротивно ќе помислам дека станува збор за лош човек кој сака на другите да им го оневозможи слушањето на саканата музика. Емил, кој и да си, немој, грдо е“, напишала Јелена на „Фејсбук“.

Балашевиќ засега нема коментар.

Scroll to Top