Бали бег им купи вила на родителите на Неџла

Турскиот глумец Бурак Озчивит купи вила од 3 милиони во Германија за родителите неговата сопруга Фахрие Евчен. Според турските медиуми, Бали бег и Неџла последниве месеци се постојано во Германија, па за да не престојуваат во хотел или во станот на нејзините родители, тој купил луксузна вила. Медиумите пишуваат и дека Неџла ќе се породи во Германија, па затоа сакале да имаат убав дом во кој ќе расте бебето.

Фахрие, која е во петтиот месец од бременоста, во скорешно интервју раскажа дека ужива во вниманието што го има од мајка си, која секојдневно ѝ готви, па дека затоа уште на почетокот од бременоста се здебелила повеќе од тоа што сака.

Scroll to Top