Бали-бег му отвори инстаграм-профил на неродениот син

Турскиот глумец Бурак Озчивит му отвори инстаграм-профил на синот Каран што треба да се роди во април. Иако на профилот нема ниту една слика, неродениот син на Неџла и Бали-бег има преку 80.000 следбеници. Тој профил, пак, следи само двајца луѓе, Бурак и Фахрие Озчивит.

Според турските медиуми, популарниот глумец го направил ова за да заработи на раѓањето на синот, уште додека Фахрие е бремена. Тие неодамна пишуваа дека Бурак за неродениот син отворил сметка во банка на 2 милиони евра, а дека купил и куќа која е на негово име.

 

Scroll to Top