Беквалац имаше сообраќајна незгода, камион удри во автомобилот на пејачката

Пејачката Наташа Беквалац утринава во Белград доживеа сообраќајна несреќа, откако камион удри во неа. Пејачката не била повредена, затоа што таа возела бавно, со речиси 10 километри на час.

„Таа е добро, не е повредена. Возеше многу бавно кога човекот удри во нејзиното ‘ауди’. Камионџијата ја призна вината. За среќа, само автомобилот е оштетен“, рече извор близок до Беквалац.

По несреќата, пејачката не сакала да даде изјава за медиумите.

 

 

Scroll to Top