Беквалац му посвети песна на поранешниот сопруг

Српската пејачка Наташа Бекавал својата најнова песна „Директоре“, му ја посвети на нејзиниот втор сопруг поранешниот ракометар на „Партизан“ Љуба Јовановиќ. Во песната таа се кае што двајцата се разделиле.

„Наташа и Љуба се разведоа без никаков скандал. Од тогаш се немаат видено ни слушнато. Немаат никаков контакт. Судејќи според новата песна, таа се покајала што го изгубила Љуба. Беквалац вели дека тој за неа бил најдобар. Тоа го сватила откако претрпе семејно насилство од нејзиниот трет сопруг Лука Лазукиќ, кој неодамна беше осуден поради тоа. Повеќе пати Беквалац раскажуваше дека Јовановиќ е добар човек, дека бил внимателен кон неа и нејзината ќерка Хана и дека и е жал што го изгубила“, вели близок пријател на Беквалац.

Изворот вели дека Беквалац токму поради тоа, дошла на идеја да ја сними песната „Директоре“ и верува дека Јовановиќ ќе се пронашол во неа.

Пејачката песната во студио ја снимила пред два дена. Нејзиниот поранешен сопруг Јовановиќ, веќе неколку години е директор на Спортско-рекреативниот центар „Пионирски град“.

„Љуба се посвети на кариерата и успешно го води „Пионирски град“. Добро котира во Српската напредна партија, а неодамна како што слушнав, превзема и еден познат ресторан во Белград. За неговиот љубовен живот рчеиси ништо не се знае, затоа што тој не зборува премногу за него. Не зборуваше ниту кога беше во брак со Наташа. Го избегнуваше разговорот на таа тема, особено пред медиумите. Кога се разведоа, не даде ниту една изјава. Не знам дали слушнал дека Наташа му подготвила песна, за која многумина изјавила дека ќе биде голем хит, но сигурен сум дека ќе биде изненаден. На сите ќе им биде интересно да ја видат неговата реакција“, вели пријателот на Беквалац.

Scroll to Top