Пејачката Наташа Беквалац не се појави на рочиштето во судницата во Првиот основен суд за случајот во кој таа го обвини својот сопруг Лука Лазукиќ за семејно насилство.
Лазукиќ не сакал да дава никакви коментари и изјави за медиумите, но како што пренесуваат медиумите, српскиот бизнисмен насмеан и расположен го напуштил судот по два часа.
Дадилката Ј.М., која се појавила во судницата, излегла од истата по повеќе од еден час испитување. Таа била ноќта со семејството кога се случило насилството и требало да сведочи за тоа што навистина се случило во станот.
Лука Лазукиќ на 13 април годинава наводно ја претепал српската пејачка Наташа Беквалац во нејзиниот стан на Дедиње.