Беквалац откри дека во животот минала низ агонија

Српската пејачка Наташа Беквалац вели дека успеала да се извлече по ужасното искуство кое го доживеала на приватен план. Пејачката во една емисија додека престојувала во Сараево откри дека во одреден период од животот минала низ агонија и дека поради нејзините две ќерки морала да собере сили и да зачекори напред.

„Проблемите со кои се соочив некогаш не зависат од мене и мојот избор. Понекогаш во животот немате многу избори. Поточно имате два. Да остане доле легната на под, или да стане и тргнеш напред. Кога имаш бебе од 40 дена и постара ќерка која влегува во пубертет, тогаш оваа првата опција не доаѓа во предвид. Немав многу избор“, изјавила Наташа.

Пејачката изминатиот период имаше неколку свирки во клубови во Сараево, а дел од тамошната атмосфера таа ја ојбави на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

Volim vas❤Hvala Sarajevo❤…vecerad Cirih,klub ELITE

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva) on

Scroll to Top