Наташа Беквалац ја објавила својата прва фотографија на Инстаграм еден месец по поднесувањето на кривичната пријава против сопругот Лука Лазукиќ, поради семејно насилие.
Ноќта меѓу 12 и 13 април, пејачката била претепана во нејзиниот стан на Дедиње од нејзиниот сопруг Лука.
По таа вечер, таа не се огласуваше на социјалните мрежи, се до денеска кога ја објавила првата фотографија со својата постара ќерка Хана, која ја доби од бракот со Данило Икодиновиќ.
Пејачката успеала да го преброди најтешкиот период од својот живот и благодарение на најблиските ја вратила насмевката на своето лице.
На Лука му се заканува затворска казна од три месеци до три години поради семејно насилство. Првиот основен суд на 15 мај на предлог на обвинителството, му забрани да комуницира и доближува до Беквалц, а ваквата постапка може да трае се до конечната кривична постапка.