Беквалац заврши во болница, пејачката ќе мора на снимање на главата

Српската пејачка Наташа Беквалац доживеа драма во Црна Гора. Таа колабрираше на полседниот настап и заврши на инфузија, вели нејзин близок пријател за српските медиуми. Беквалац веќе некое време пати од воспаление на грлото. Ова и претставува сериозен здравствен проблем. Има силни главоболки и ќе почне да оди на терапија.

„Имаше неколку настапи без пауза. Последниот концерт и беше фантастичен, но на крајот колабираше и заврши на инфузија“, вели пријател на пејачката.

„По примената инфузија, лекарите ја советувале да мирува неколку дена. И кажале дека мора да ја сними главата и да направи анализа на крвта. Наташа потоа се врати во Белград каде сега планира да остане подолго време. Лабораториските аналици ги чека во моментов во Нови Сад“, објаснува нејзиниот пријател.

Беквалац веќе неколку години се бори и со приватни проблеми. Нејзиниот поранешен партнер, српскиот бизнисмен Лука Лазукиќ ја претепа на 13 април минатата година, во нивниот дом во Белград.

„Лука пристигнал пијан дома и легнал покрај Наташа во креветот. Таа го змеала неговиот телефон и ги видела љубовните пораки пораи кои меѓу нив почнала расправија. По вербалниот конфликт тој ја претепал“, раскажал извор за српските медиуми.

По семејното насилство двојката се разведоа. Двајцата ја имаат ќерката Катја, којаЛаузиќ може да ја гледа само еднаш неделно.

 

 

 

Scroll to Top