Би заработувал и до 5.000 евра на ден: Милош Биковиќ добива отштета затоа што бил отстранет од серијата на HBO

Продуцентите на серијата „Белиот лотос“, во чија трета сезона требаше да игра Милош Биковиќ, ќе треба да му платат на српскиот актер дел од хонорарот.

Биковиќ добива дел од хонорарот од неколку милиони динари, односно меѓу 30.000 и 50.000 евра.

„ Случајот на Биковиќ може да се спореди со ситуацијата кога Џони Деп ја загуби улогата во „Пиратите од Карибите“ бидејќи имаше негативен публицитет. Тој секако има право и може да бара отштета затоа што планирал да го направи тоа и ги откажал сите други работни обврски. Хонорарите за вакви улоги се од 3.000-5.000 евра дневно на снимање. Договорот на актерот го обврзува да учествува во самото снимање, но и во промоцијата на серијата која трае неколку месеци. Помалите улоги на вакви серии се платени од 25.000 до 100.000 евра“, вели соговорник кој се занимава со продукција на играни содржини.

„Чест ми е што сум избран да бидам дел од „Белиот лотос“, ТВ серија која многу ја почитувам и со колеги кои многу ги почитувам. Сепак, моето учество во неа не е можно од причини надвор од доменот на културата и нема да се поклонам на наратив кој го загрозува мојот интегритет. Сакам да им се заблагодарам на сите што беа со мене, а на колегите им посакувам голем успех во новата сезона. И покрај се, сепак верувам дека уметноста лечи и може да го обедини човештвото. Затоа, моите убедувања и мојата посветеност на уметноста ќе останат непроменети“, изјави за медиумите актерот Милош Биковиќ.

Scroll to Top