Бившиот српски кошаркар Марко Јариќ е помеѓу заглавените посетители во Невада кои ги зафати невреме

Марко Јариќ беше еден од посетителите на познатиот музички фестивал Burning Man кој секоја година се одржува во Невада, но овој пат љубителите на овој настан доживеаја вистински пекол.

Имено, федералните власти го затворија Burning Man во саботата, откако обилните дождови го уништија местото каде што се одржуваше фестивалот и го претворија во кал.

Поради ова, организаторите мораа да евакуираат повеќе од 73.000 учесници од локацијата во засолниште.

На оние кои се упатија на фестивалот овој викенд, федералното биро за управување со земјиштето, кое е домаќин на настанот, им беше кажано да се вратат и да си одат дома.

Среде оваа вест Јариќ се огласи на својот Инстаграм профил и ги извести своите следбеници дека е безбеден.

Scroll to Top