Српските медиуми пишуваат дека богат бизнисмен од Швајцарија го плаќа лекувањето на Дарко Лазиќ во болницата. Станува збор за Мерсед Хаџиќ, познат како Мирсо Швајцарецот.
Мерсед меѓу останатото работи и како менаџер на српскиот фолк-пејач Аца Лукас. Дарко Лазиќ по недела дена од тешката сообраќајка и неколку успешни операции се разбуди од кома.
Медиумите вечера успеаја да влезат во неговата соба и забележаа дека неговата здравствена состојба се подобрува. Некои од лекарите сепак се загрижени дека пејачот може да остане инвалид.