Бизнисмен од Швајцарија го плаќа лекувањето на Дарко Лазиќ

Српските медиуми пишуваат дека богат бизнисмен од Швајцарија го плаќа лекувањето на Дарко Лазиќ во болницата. Станува збор за Мерсед Хаџиќ, познат како Мирсо Швајцарецот.

Мерсед меѓу останатото работи и како менаџер на српскиот фолк-пејач Аца Лукас. Дарко Лазиќ по недела дена од тешката сообраќајка и неколку успешни операции се разбуди од кома.

Медиумите вечера успеаја да влезат во неговата соба и забележаа дека неговата здравствена состојба се подобрува. Некои од лекарите сепак се загрижени дека пејачот може да остане инвалид.

Видео од Дарко Лазиќ во болницата

Scroll to Top