Бјело Дугме и Цеца на листата на најпосетени концерти на светот

By

Ова се најпосетените концерти на сите времиња. Најстариот концерт со преку 100.000 луѓе е свирка на американскиот бенд Грејтфул Дед во Њу Џерси, 3 септември 1977.

На концертот на познатиот бенд присуствувале 107.019 луѓе, кој сè уште важи за најголем концерт во Соединетите Држави. Френк Синатра (1980), Тина Тарнер (1988) и Пол Макартни (1990) го соборија рекордот на стадионот Маракана со публика од преку 184.000 луѓе.

Иако е познато дека бројот на бесплатните концерти е претерување, како што се известува, на неколку концерти имало повеќе од три милиони луѓе. Се тврди дека концертот на Жан-Мишела Жара во Москва во 1997 и концертот на Род Стујард во Копакабана во 1994 привлекле публика со повеќе од 3,5 милиони луѓе.

Но на списокот на најпосетени концерти на светот, на второ место се наоѓа легендарната група Бјело Дугме. На нивниот концерт кој се одржа на 28 јуни 2005 година на Белградскиот хиподром, присуствуваа преку 220.000 посетители.

Бјело Дугме е југословенска рок група која повеќе од две децении беше една од најпопуларните групи ширум поранешната СФРЈ.

На деветто место се наоѓа Светлана Цеца Ражнатовиќ која пееше на Ушќе каде присуствуваа околу 150.000 луѓе на 28 јуни 2013 година.

Ќе ви се допадне

KissAnime kissanime bleach: Tokyo Ghoul Episode 12

WCOStream we bare bears wcostream: Watch Naruto (Dub) Episode 177