Блиска соработничка на Горан Бреговиќ пронајдена мртва во автомобил во Дунав

Анке Поп, поранешната соработничка на босанскиот музичар Горан Бреговиќ, била пронајдена мртва во автомобил во Дунав во југозападна Романија. Засега службите не знаат како автомобилот завршил во реката ѝ кој е одговорен за убиството на романско-канадската пејачка.

Сестрата на Анке била првата која го пријавла нејзиното исчезнување. Таа повикала полиција во неделата вечерта, откако наводно не можела да влезе во нивната семејна куќа. Службата за итна помош веќе утредента го идентификувала телото на Анке, откако претходно тим нуркачи ја извадиле од водата.

Засега не е познато дали станува збор за мистериозна смрт или пак случајна сообраќајна несреќа. Американската телевизиска мрежа „Фокс њуз“ пишува дека полицијата ја истражува причината за нејзината смрт и дека инспекторте се надеваат дека наскоро ќе дојдат до последната трага.

Пејачката соработувала со основачот на „Бело дугме“ на неговиот албум Champagne For Gypsies, но има соработувано со него и во други наврати.

Се запознале во 2008 година, кога соработувале на нејзината песна „Љубоморно чудовиште“, каде Бреговиќ се појавил во спотот. Минатата година го објавила неговиот голем хит, преработка на прочуениот хит „Ѓурѓовден“ под името „Едерлези“. Во име на блиската соработка, Брега се огласи на неговиот профил на Инстаграм, објавувајќи нејзина фотографија.

„Почивај во мир“, напиша Бреговиќ под фотографијата.

 

Scroll to Top