Боба Живојиновиќ не сакал да инвестира во Ѓоковиќ

Поранешниот српски тенисер Боба Живојиновиќ пред 17 години не сакал да инвестира во кариерата на сега најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, пишуваат српските медиуми. Таткото на Новак, Срѓан, побарал од Боба да инвестира околу 400.000 евра во неговиот 15-годишен син, за кој тврдел дека е голем талент.

„Барам деловен партнер со кој ќе потпишам професионален договор. Тоа во светот се работи во последните 20 до 30 години. Бараме луѓе кои сега би вложиле пари во Новак, а подоцна, кога ќе стане играч и ќе направи резултати, ќе ја добие својата заработка назад“, му рекол Срѓан Ѓоковиќ на Боба кога се сретнале.

Според медиумите, Боба тогаш проценил дека таквиот потег би бил фрлање пари и го одбил таткото на Новак. Ако направеле договор на десет години, двајцата би заработиле милиони, а на сметката би имале 36 пати повеќе од вложеното, поточно 18 милиони евра, пишуваат српските портали.

„Боба го одби Срѓан. Му рече дека Новак е добар тенисер, но пречките биле болното срце и таткото, кој бил тежок за соработка. Да вложеше во него, би зел 15% од секоја негова награда или спонзорски договор. За десет години би имал околу 18 милиони евра. Еднаков процент би му припаднал и на секој што во тоа време бил подготвен да инвестира во кариерата на Новак“, открил извор близок до семејството на Ѓоковиќ.

Scroll to Top