Боба Живојиновиќ се гледал со Лејди Ди додека била во брак со принцот Чарлс

Поранешниот српски тенисер Боба Живојиновиќ кон крајот на осумдесеттите години се гледал со принцезата Дијана. Во тоа време Дијана била во брак со принцот Чарлс, а Боба бил со својата прва сопруга  Зорица. Во интервју за „Курир“, Боба рекол дека тој и Лејди Ди „имале посебно пријателство и биле многу блиски“, но не сакал да открива детали поради почит кон починатата принцеза.

Боба и лејди Ди се запознале 1987 година, а потоа продолжиле да се гледаат неколку години. Таа често доаѓала на неговите натпревари и го следела од обичните трибини, иако членовите на кралското семејство имаат ВИП-ложа. „Само за да биде што е можно поблиску до него“, изјавил во една пригода близок пријател на принцезата.

Прашан за односот со Дијана, Живојиновиќ не сакал да зборува во детали.

„Не сакам да зборувам за тоа затоа што таа не е веќе со нас. Големо значење има кога некој како неа ќе дојде на натпревар за да ве бодри. Не се случило некој од кралското семејство да навива за некого од трибините“, рекол Боба во интервјуто.

„Се запознавме една недела пред Вимблдон во 1987 година, под нејзино покровителство се одржа хуманитарен натпревар. Јас бев еден од учесниците, покрај неколку други познати тенисери. Тогаш ја запознав. Во првиот разговор, таа ме праша дали сум јас тенисерот кој има најсилен сервис. Ѝ одговорив потврдно. Следната година се одржа и изложбен натпревар, па таа повторно дојде. Ме праша дали мојот сервис е сè уште добар. Потоа почнавме да се дружиме и да се гледаме. Бевме блиски“, рекол Живојиновиќ.

Тој раскажал и дека му годело што Дијана ги следела неговите натпревари од обични трибини.

„Ми беше драго што ме поддржа една таква жена. Таа го сакаше начинот на кој играм и се однесувам на теренот и сè што оди со тоа. Дајана беше прекрасна личност со која можев да зборувам за обични работи. Нејзината големина беше во таа нормална комуникација. Бев изненаден од тоа колку е природна жена. Чест ми е што ја познавам. Нашите долги разговори беа сведени на приказни за секојдневните работи и за нашите деца. Филип е на возраст како нејзиниот помлад син Хари, така што тие главно беа теми за кои разговараме“, се присетил поранешниот спортист.

Лејди Ди го запознала и синот на Боба, Филип. Боба сè уште ги чува сликите од таа средба.

„Кога му реков на Филип дека е принцеза, тој ја замислуваше како секое дете, како да е од бајка и во долги фустани. Ништо не му беше јасно. Тој се однесуваше чудно со неа, но таа го разбра уште од мал“, рекол тој.

Боба подоцна се разведе од Зорица и се ожени со Лепа Брена во 1992 година, а Лејди Ди се разведе од Чарлс и почна врска со Доди ел Фајед. Дајана и нејзиниот свршеник починаа на 31 август 1997 година, во сообраќајна несреќа во тунел во Париз.

Scroll to Top