Бобан Рајовиќ ги исмеа Џака и Шаќири

Од поразот на Швајцарија против Шведска и испаѓањето од Мундијалот, особено задоволен бил српскиот пејач Бобан Рајовиќ.

Швајцарската фудбалска репрезентација го заврши своето учество на Светското фудбалско првенство во Русија, во осминафиналето, по поразот од Швеѓаните со 1:0.

Српскиот пејач Бобан Рајовиќ во авионот снимил кратко видео во кое имал посебен поздрав за швајцарските фудбалери со албанско потекло. Пред сè за Гранит Џака и Џердан Шаќири. И двајцата постигнаа погодоци против репрезентацијата на Србија во рамките на групната фаза, а додека се радуваа го симболизираа албанскиот орел.

Догледање за албанските Швајцарци, швајцарските Албанци… Вушност, албанските Швајцарци – швајцарските Албанци. Повеќе ни самиот не знам“, изјавил Бобан, кој додека ја пренесувал пораката цело време се смеел.

„Албанските Швајцари, швајцарските Албанци. Всушност репрезентација… За малку ќе кажев Албанија, а всушност е Швајцарија. Главно, овие во црвените дресови одат дома. Е сега, каде им е куќата, тоа ни тие не го знаат“, напишал Рајовиќ под видеото.

Видеото можете да го погледнете на следниот линк:

 

 

Scroll to Top