Богатството на Бреговиќ се проценува на 35 милиони евра, има триесетина куќи и станови

Горан Бреговиќ поседува 30 недвижнини, главно луксузни вили, но има и станови и гарсониери. Неговото богатство се проценува на 35 милиони евра, пишуваат регионалните медиуми.

Во Загреб во 2005 година тој купи двокатница од 550 квадратни метри, а ја издава за 5.500 евра месечно. Бреговиќ во Белград има 15 куќи. Кога ќе пристигне во Србија, тој престојува во населбата Сењак во луксузна вила опкружена со висока ограда. Дворот на оваа куќа не може да се види од улицата. Како заштита од крадци тој поставил видеокамери. Имотот покрај вилата е исто така негов. Таму изградил објект сличен на сала за прослави, со трамболини напред за да си играат децата на неговите пријатели. И тој дел е заштитен со висока ограда.

„Целиот живот имам страв од сиромаштија. Надвор не е како кај нас, кога си на улица, немаш тетка да одиш на ручек, немаш вујко да позајмиш пари. Во војната сте изгубиле сè што сте имале во еден ден. Поради тој страв, купував многу работи. Пред војната имав куќи, станови, бродови, автомобили… Сега не ми е гајле за мене, имам деца, па истиот страв го имам за нив“, рекол Бреговиќ во едно интервју.

Во белградски Сењак има две вили, а неодамна купи уште еден плац до нив, па сега гради нова вила, која ќе има повеќе од 300 квадратни метри. Едната вила се проценува на 3,5 милиони евра. Бреговиќ инвестира 10.000 евра во стаклена градина во која сади домати и краставици.

Во црногорскиот град Пераст има две куќи една до друга. Во 2009 година тој изгради и дом за стари лица. Никој никогаш не се насели таму бидејќи Бреговиќ не добил дозвола од општина Котор. Во старскиот дом тој инвестирал околу 2 милиона евра. Наводно тој ги купил хотелот и вилата „Пераст“, која ја проширил со ресторан и тераса, но Горан никогаш не го потврдил тоа.

Поседува и вила во Париз. Во 2015 година Бреговиќ купи и вила на Босфорот, во најелитниот дел на Истанбул. Неговата турска резиденција од едната страна има излез кон морето што ги дели Европа и Азија, а другата страна е во сенка на шумата.

Scroll to Top