Откако српските медиуми лани објавија дека Бора Ѓорѓевиќ има рак на простатата, сега и тој потврди дека е на лекување во Словенија. Пејачот на култниот рок-бенд „Рибља чорба“ сепак не откри од што се лекува и колкиу долго е болен.
„Во Љубљана сум, се лекувам и не давам интервјуа“, рекол пејачот за „Глорија“.
Бане Обдаровиќ, менаџерот на „Рибља чорба“, додал дека Бора од поодамна не се чувствува добро, но дека и покрај тоа не се откажува од музиката и настапите со бендот.
„Седум дена му е добро, а потоа неколку дена му е лошо, па затоа не можеме да го прецизираме датумот за промоција на албумот. Бора сака да ги претстави новите песни по секоја цена. Затоа и свирките ги сведовме на две-три месечно“, рекол тој.
Според „Глорија“, не е првпат Бора да се соочува со здравствени проблеми. Тој долго време имаше проблеми со ‘рбетот, често пати паѓаше и имаше скршеници на рацете и нозете. Лани српски „Свет“ пишуваше дека Ѓорѓевиќ има рак на простатата, но пејачот брзо потоа демантираше дека има рак.